Monday, February 27, 2017

Лектира ,,Времеплов''

  Јас и моите соученици бевме задолжени да пишуваме за лектирата ,,Времеплов'',односно бевме подели во 7 групи по 3 ученици.Секој од нас требаше да пишува за својот дел за ликови,судир или чуства.
  Однапред имавме поставено 12 настани од лектирата,за кои што требаше да пишуваме одделно за секој настан.Заедно се поделивме кој за кој дел ќе биде и имавме одреден рок за да ја завршиме својата задача.
  Мојот дел беше да пишувам за ликови, поточно да ги опишам ликовите во лектирата.Со децата што бев во група се договоривме кој да ги постави настаните на листата,за да можеме подоцна да си ја завршиме работата за која бевме поделени.

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите од мојата генерација?

      Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите од мојата генерација?

      Слушајќи ги разговорите на моите родители за тоа како во нивно време живееле младите,сметам дека и покрај тоа што технологијата за комуникација не била развиена на високо ниво,младите поминувале повеќе време заедно.Времето во кое живеаам јас како млада девојка,за разлика од времето во кое живееле моите родители е многу подобро и унапредено.
     Денешната развиена технологија за комуникација на нас младите ни овозможува побрзо и поефикасно дознавање на информации.Имаме поголем број на електирчни апарати кои ни го олеснуваат животот.Информациите и податоците ни помагаат во нашето образование и живеење.
        Во ова време,бидејќи во градот постојат повеќе трговски центри младите имаат поголем избор на облека,храна и забава.Купувањето на разни производи е многу олеснето,односно истото се спроведува преку интернет.Слушањето на музика за мене претставува големо задовлоство, кое можам да си го дозволам во било кое време благодарение на мојот мобилен телефон и компјутер.
       И покрај брзото темпо на живеење,моите родители се обидуваат секое слободно време да го поминат со мене.Преку постоењето на повеќе установи за образование имаме услови да го развиваме нашето знаење.Со помош на денешните курсеви за јазици,можеме да научиме повеќе странски јазици кои ќе ни помогнат поматаму во животот.
           Ние младите треба да бидеме благодарни и да ги почитуваме благодетите на нашата младост.Ценам дека ова е најдобро време за живеење во кое што можеме јас и мојата генерација да живееме.