Wednesday, October 18, 2017

,,Сердарот''-Григор Прличев




    Сердрот е поема напишана од страна на македонскиот автор  Григор Прличев. Прличев со ова дело освоил прво место и бил прогласен како втор Хомер. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик. Во основа, во „Сердарот“ се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река , и селото Стан.

     Во оваа книга се сретнуваат повеќе ликови една од нив е Неда таа е мајката на јунакот,но таа и самата е јунак.Таа е горда мајка која што многу го сака својот син единец.Неда е храбра и гордо ја профаќа смртта на нејзиниот син.Исто така таа е подготвена и самата да се бори и да стане водич.Јасно е изразена нејзината чесност и решителност со нејзините постапки во книгата.Покрај се Неда е чуствителна мајка која безусловно го сака своето чедо.Најстрашното нешто што и се случило на оваа кутра зена било тоа што загинал нејзиниот син и неговото загинување предизвикало голема тага и жал,не тагувала само таа по него туку и сиот народ и неговите блиски пријатели и роднини.Покрај се таа не мисли само не себе туку и на целиот народ кој останал незаштитен.Со сето ова се гледа дека Неда била жена која што имала голема почит и љубов кон другите.
     Еден од главните ликови е Кузман и тој е јунакот.Тој е многу силен и храбар човек.Самиот е починат уште од почетокот на поемата.За него и каков бил тој како човек се дознава преку раскажувањата и мислењата на другите и тоа како тие го доживувале.Тој бил со став бил почитуван дури и од својот непријател.Кузман го заштитувал народот,се борел за нив и сите се гордееле со него и неговата борбеност и храброст.Затоа го сметале за голем заштитник.Премногу ја почитувал мајка му и ја сакал безмерно.Исто така тој имал и своја љубов таа била неговата девојка која што се викала Марија.Марија била многу добра и убава девојка и многу го сакала својот љубен.Тие заедно сакале да си основаат семејство,да имаат деца и да бидат среќни и весели,но за жал тоа не се случило.Нивната убава желба не се остварила поради убивањето на Кузнам кое сите лошо го поднеле.
     Гегите во ова дело се едни од негативните ликови и тие се Албанци.Овие ликови се многу немилосрдни луѓе кон народот и се убијци.Иако се такви тие ја покажале својата човечност кон блиските на загинатиот Кузман и неговата мајка.Еден од нив односно најстариот го предал мртвото тело на Кузман и покажал големо почитување со тоа што го сторил.Тие тоа го направиле знаејќи дека ги ризикуваат своите животи со тоа што можеле да бидат убиени од страна на населението со кое живеел Кузман.Гегите и самите се борци,но имаат и големо почитување кон народот иако на некој начин се лоши.Неда ја теешеле и сожалувале поради тешката ситуација во која се наоѓала.Нивната негативна страна била таа што тие вршеле терор врз народот и го малтрелирале населението.
     Со ова дело ние се запознаваме како тоа македонскиот народ жевеел пред многу години и низ се што тие поминувале.Покрај се се покажува и тоа колку и да сме направиле некое лошо и грешно дело треба да да извинуваме и покауваме почит и човечност.


Sunday, October 8, 2017

,,Илијада"-Хомер

  Илијада е составена од 24 пеења каде  се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна.На почетокот на оваа епопеја е прикажана кавгата на Агамненом и Ахил поради робинки.
  Агамненом ја грабнал Хрисеида која Ахил бара да ја врати.Агамненом им се повинува на боговите ,но не и на Ахил.Затоа за возврат му ја зема робинката на Ахил,Бресида.Ахил оди кај својата мајка и бара начин како да му се одмазди на Агамненом.Тетида го замолува Зевс за помош.Така тој почнал да војува.Потоа се одигрува двобојот меѓѕ Парис и Менелај,Афродита во овој случај го заштитува Парис и таа му ја дала Елена за жена.
  Во Троја,Хектор го укорува Парис дека ужива и седи покрај Елена наместо да ги предводи Тројанцие во борбата.Патрокло,најблискиот другар на Ахил ја зема неговата обружба и се бори како да е Ахил.Хектор мислејќи дека тоа е Ахил ,жестоко се бори и го убива.Ахил е силно решен дека ќе го убие Хектор.
   Ахил и Агамненом се помируваат и робинката Бресида е вратена,тој се подготвува за борба.Исто така и Хектор е подготвен да се бори против Ахил.Во таа борба е убиен Хектор.Ахил го врзува телото на Хектор за својата двокалка и така три пати ја обиколува Троја.Пријам оди кај Ахил и го зима телото на Хектор за да се може да биде погребан со сите почести.
  Смрта на Хектор не значи крај на војната.Дури и со смрта на Ахил којбил прострелан од стрелите на Парис,не завршува војната.Со итрината на Одисеј(тројанскиот коњ) ,Ахајците влегле во Троја,ги убиле сите мажи,го запалиле градот и така конечно завршила десетгодишната Тројанска војна.