Sunday, October 8, 2017

,,Илијада"-Хомер

  Илијада е составена од 24 пеења каде  се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна.На почетокот на оваа епопеја е прикажана кавгата на Агамненом и Ахил поради робинки.
  Агамненом ја грабнал Хрисеида која Ахил бара да ја врати.Агамненом им се повинува на боговите ,но не и на Ахил.Затоа за возврат му ја зема робинката на Ахил,Бресида.Ахил оди кај својата мајка и бара начин како да му се одмазди на Агамненом.Тетида го замолува Зевс за помош.Така тој почнал да војува.Потоа се одигрува двобојот меѓѕ Парис и Менелај,Афродита во овој случај го заштитува Парис и таа му ја дала Елена за жена.
  Во Троја,Хектор го укорува Парис дека ужива и седи покрај Елена наместо да ги предводи Тројанцие во борбата.Патрокло,најблискиот другар на Ахил ја зема неговата обружба и се бори како да е Ахил.Хектор мислејќи дека тоа е Ахил ,жестоко се бори и го убива.Ахил е силно решен дека ќе го убие Хектор.
   Ахил и Агамненом се помируваат и робинката Бресида е вратена,тој се подготвува за борба.Исто така и Хектор е подготвен да се бори против Ахил.Во таа борба е убиен Хектор.Ахил го врзува телото на Хектор за својата двокалка и така три пати ја обиколува Троја.Пријам оди кај Ахил и го зима телото на Хектор за да се може да биде погребан со сите почести.
  Смрта на Хектор не значи крај на војната.Дури и со смрта на Ахил којбил прострелан од стрелите на Парис,не завршува војната.Со итрината на Одисеј(тројанскиот коњ) ,Ахајците влегле во Троја,ги убиле сите мажи,го запалиле градот и така конечно завршила десетгодишната Тројанска војна.

No comments:

Post a Comment