Monday, March 26, 2018

Вујко Вања-А.П Чехов

Експозиција
 Ова дело е напишано во 1899 година ,а дејствата се случуваат во 1860 година поточно во 19век.Местото на кое се одвиваат настаните се во вилата на Серебрјаков.Главен лик во ова дело е вујко Вања,тој е несреќен и незадоволен од животот.
 Заплет
   Во вилата има многу несогласувања и сите се несреќни и незадоволни од својот живот поради различни причини.
  Кулминација
    Поради тоа што не го направиле тоа што сакале кога биле млади многу се каат постарите ликови и тоа лошо влијане на нив.Младите ликови не прават ништо да се усреќат.
   Пресврт
   Во некои делови од лектирата сите си наоѓаат свои утехи на било каков начин  и тоа ги смирува и ги прави посреќни ликови.
   Расплет
     Со тоа што тие го прават успеваат да се усреќат и тоа им влијае многу подобро на своите животи и на луѓето околу нив.

Силјан штркот-Марко Цепенков


  Одлично е да си мрзелив..некои луѓе ова го потврдуваат и  оправдуваат а пак други имаат сосема друго мислење и се притив мрзливоста.Јас сум против мрзеливоста и сметам дека тоа има лошо влијание на нас луѓето од многу различни причини.
  Една од причините зошто сметам така е тоа дека сите што се такви ги знаеме како луѓе без обврски,неодговорни и не се грижат за работите околу нив.Ги гледаме како не работат по цел ден само лежат,гледаат телевизија итн.Со тоа пополека ние снемуваме доверба во нив за работите кои тие ни ги ветиле дека ќе ги направат.
   Кога остануваат сами нема кои да им помага и да им ги врши работите и исто така мрзеловоста има лошо влијание на здравјето и се намалува физичката активност која е многу важна за организамот на секој човек.Со тоа што кога ќе нема некој до нив ќе бидат приморани сами да го средуваат домот,да се грижат за некои работи за кои пред тоа не биле навикнати и сето тоа им доаѓа тешко.
   Повеќето можеби ги одбегнуваат поради таа нивна маана и не се дружат со нив,поточно не контактираат многу со нив.Седењето дома предизвикува тие да не се чуствуваат убаво,губат контакт со своите пријатели и роднини и стануваат недружољубеви луѓе.Бидејќи нема да излегуваат често од дома стануваат и неинформирани за многу работи кои би ги интерисирале.Исто така затоа што не се дружат многу ја губат блискоста со некои личности.
  Сепак сите сами одлучуваат како ќе го живеат својот живот но подобро е да не бидеме мрзеливи и неодговорни.

Monday, February 12, 2018

Прва љубов-И.Тургњев

 Во лектирата ,,Прва љубов'' се зборува за првата љубов на Владимир Петрович.Тој започнал да им раскажува на своите пријатели за девојката Зианида во која бил заљубен на своите шестнаесет години.Владимир се заљубил во девојката иако таа била постара од него.Зианида не му обрнувала многу внимание, додека пак тој бил заентерисиран за неа.Набрзо момчето се преселило во друг град далеку од девојката.По неколку години тој нејзе ја побарал,но дознал дека таа починала при породување.

  Домаќинот:Ајде сега сите да раскажете за вашата прва љубов (се наместува и запалува цигара)
 Сергеј:Јас немам прва љубов,јас веднаш почнав од втората.
 Д:Како тоа?
 С:Многу едноставно.Имав осумнаесет години почнав да и се додворувам на една госпоѓица,но јас прв пат  се вљубив кога имав 6 години во својата негувателка?
 Д:Ниту во мојата прва љубов нема ништо интересно јас во никого не бев вљубен додека не се запознав во мојата сегашна сопруга.А,ти Владимир што имаш да ни кажеш за твојата прва љубов?
 Владимир:Мојата прва љубов навистина спаѓа меѓу оние,несекојдневните.
 С:A...(повторија домаќинот и Сергеј)ајде раскажувајтее.
 В:Сега не ми текнува како точно беше,но ви ветувам дека ќе напишам во една тетратка на се што ќе се сетам и ќе ви прочитам.