Monday, March 26, 2018

Силјан штркот-Марко Цепенков


  Одлично е да си мрзелив..некои луѓе ова го потврдуваат и  оправдуваат а пак други имаат сосема друго мислење и се притив мрзливоста.Јас сум против мрзеливоста и сметам дека тоа има лошо влијание на нас луѓето од многу различни причини.
  Една од причините зошто сметам така е тоа дека сите што се такви ги знаеме како луѓе без обврски,неодговорни и не се грижат за работите околу нив.Ги гледаме како не работат по цел ден само лежат,гледаат телевизија итн.Со тоа пополека ние снемуваме доверба во нив за работите кои тие ни ги ветиле дека ќе ги направат.
   Кога остануваат сами нема кои да им помага и да им ги врши работите и исто така мрзеловоста има лошо влијание на здравјето и се намалува физичката активност која е многу важна за организамот на секој човек.Со тоа што кога ќе нема некој до нив ќе бидат приморани сами да го средуваат домот,да се грижат за некои работи за кои пред тоа не биле навикнати и сето тоа им доаѓа тешко.
   Повеќето можеби ги одбегнуваат поради таа нивна маана и не се дружат со нив,поточно не контактираат многу со нив.Седењето дома предизвикува тие да не се чуствуваат убаво,губат контакт со своите пријатели и роднини и стануваат недружољубеви луѓе.Бидејќи нема да излегуваат често од дома стануваат и неинформирани за многу работи кои би ги интерисирале.Исто така затоа што не се дружат многу ја губат блискоста со некои личности.
  Сепак сите сами одлучуваат како ќе го живеат својот живот но подобро е да не бидеме мрзеливи и неодговорни.

No comments:

Post a Comment