Шагринска кожа роман од францускиот
романописец и драматург Оноре де Балзак издаден во 1831 година. Дејството, сместено во
почетокот на XIX век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое
наоѓа парче шагрен со моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја
посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија.
Главниот лик во ова дело е Рафаел.Тој бил уништен од животот
и сакал некој или нешто друго да му ги исполнува желбите и да ги обработува
работите на негово место.Овој лик живеел во градот Париз кој бил
метропола,велеград,но истовремено и морничав и морбиден град,и во него успевале
само најупорните.Рафаел својот свет го гледа како место каде што се може лесно
да добие но да не вложи труд во тоа. Полина,неговата сакана го посетува во неговата соба и му изјавува
љубов. Кога ја дознава целата вистина за кожата и дека нејзината улога во
неговиот живот е пресудната, таа се стаписува. Рафаел не можејќи да ја
контролира својата желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да
му го спаси животот. Тој тропа на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да
умре во нејзините прегратки. Таа, во меѓувреме, се обидува да се убие за да го
ослободи од неговата желба. Тој ја крши вратата, тие ја свршуваат нивната љубов
во жесток момент на страст и тој умира.