Панонски легенди се вид црковна литература,што е создадена во средниот век кај христијанските народи.Панонските легенди убаво ги имаат насликано ликовите посебно браќата Кирил и Методиј.
Овие легенди содржат две житија едно од нив е ,,Житието на Кирил''.Ова житие започнува со опис на животот на св.Кирил од неговите детски години и неговата желба кон науката и мудроста.Авторот опширно ги објаснува неговите мисии во времето на пишувањето на азбуката.Една од најзначајните мисии е Моравската мисија,кога кнезот Ростислав ги повикува да проповедаат на словенски.
Во ,,Житието за Методиј'' опишан е животот и делото на постариот брат Методиј.Авторот двајцата браќа ги нарекува ,,раби божји",прикажувајќи ги како светци и апостолии како божји избраници за големи дела.Овие учени луѓе го одбраниле своето дело со мудрост ,,Зарем Сонцето не не грее сите?" .Поради ова папата ги ослободил,а луѓето на секој чекор им ја искажувале својата љубов.
Во двете житија основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик,писменост и култура.
No comments:
Post a Comment