Sunday, November 19, 2017

Повик на дивината-Џек Лондон

  Кучето Бак е расен пас,од татко сенбернардинец и мајка шкотски овчар.Тој има 64 килограми и важел за куче со почит.Бак не е ниту ловечко ниту домашно куче,негово било целото подрачје.Уважен е и ценет од сите,нему му се доверени најодговорните задачи и е динамичен лик.Овој лик живее во култура,припитомен како господар на еден бесзбеден свет и тој не знае што е тоа слобода,затоа што не знае што е тоа опасност и борба.Крал е на се само заради неговата тежина и убавото крзно и влакно.
   Слугата Мануел еден ден го продал Бак и тој го напуштил тој свет.Во новиот свет во кој е опкружен тој е опасноста и борбата,и таа борба трае до смрт.Бак е интелигентен и брзо ги научил правилата и законите на суровоста.Сфаќа дека таму кралевите местото го заслужуваат самом со борба.Кучето Бак го засакал кралското место на кучето Шпиц и тие стануваат непријатели,во една битка Бак го победува Шпиц и го завзема неговото место.Одкако Торнтон го зима Бак тој сфаќа што е љубов.Кучето Бак станува крал на дивината и го гледаме како комлексен лик.

No comments:

Post a Comment