Monday, March 26, 2018

Вујко Вања-А.П Чехов

Експозиција
 Ова дело е напишано во 1899 година ,а дејствата се случуваат во 1860 година поточно во 19век.Местото на кое се одвиваат настаните се во вилата на Серебрјаков.Главен лик во ова дело е вујко Вања,тој е несреќен и незадоволен од животот.
 Заплет
   Во вилата има многу несогласувања и сите се несреќни и незадоволни од својот живот поради различни причини.
  Кулминација
    Поради тоа што не го направиле тоа што сакале кога биле млади многу се каат постарите ликови и тоа лошо влијане на нив.Младите ликови не прават ништо да се усреќат.
   Пресврт
   Во некои делови од лектирата сите си наоѓаат свои утехи на било каков начин  и тоа ги смирува и ги прави посреќни ликови.
   Расплет
     Со тоа што тие го прават успеваат да се усреќат и тоа им влијае многу подобро на своите животи и на луѓето околу нив.

Силјан штркот-Марко Цепенков


  Одлично е да си мрзелив..некои луѓе ова го потврдуваат и  оправдуваат а пак други имаат сосема друго мислење и се притив мрзливоста.Јас сум против мрзеливоста и сметам дека тоа има лошо влијание на нас луѓето од многу различни причини.
  Една од причините зошто сметам така е тоа дека сите што се такви ги знаеме како луѓе без обврски,неодговорни и не се грижат за работите околу нив.Ги гледаме како не работат по цел ден само лежат,гледаат телевизија итн.Со тоа пополека ние снемуваме доверба во нив за работите кои тие ни ги ветиле дека ќе ги направат.
   Кога остануваат сами нема кои да им помага и да им ги врши работите и исто така мрзеловоста има лошо влијание на здравјето и се намалува физичката активност која е многу важна за организамот на секој човек.Со тоа што кога ќе нема некој до нив ќе бидат приморани сами да го средуваат домот,да се грижат за некои работи за кои пред тоа не биле навикнати и сето тоа им доаѓа тешко.
   Повеќето можеби ги одбегнуваат поради таа нивна маана и не се дружат со нив,поточно не контактираат многу со нив.Седењето дома предизвикува тие да не се чуствуваат убаво,губат контакт со своите пријатели и роднини и стануваат недружољубеви луѓе.Бидејќи нема да излегуваат често од дома стануваат и неинформирани за многу работи кои би ги интерисирале.Исто така затоа што не се дружат многу ја губат блискоста со некои личности.
  Сепак сите сами одлучуваат како ќе го живеат својот живот но подобро е да не бидеме мрзеливи и неодговорни.

Monday, February 12, 2018

Прва љубов-И.Тургњев

 Во лектирата ,,Прва љубов'' се зборува за првата љубов на Владимир Петрович.Тој започнал да им раскажува на своите пријатели за девојката Зианида во која бил заљубен на своите шестнаесет години.Владимир се заљубил во девојката иако таа била постара од него.Зианида не му обрнувала многу внимание, додека пак тој бил заентерисиран за неа.Набрзо момчето се преселило во друг град далеку од девојката.По неколку години тој нејзе ја побарал,но дознал дека таа починала при породување.

  Домаќинот:Ајде сега сите да раскажете за вашата прва љубов (се наместува и запалува цигара)
 Сергеј:Јас немам прва љубов,јас веднаш почнав од втората.
 Д:Како тоа?
 С:Многу едноставно.Имав осумнаесет години почнав да и се додворувам на една госпоѓица,но јас прв пат  се вљубив кога имав 6 години во својата негувателка?
 Д:Ниту во мојата прва љубов нема ништо интересно јас во никого не бев вљубен додека не се запознав во мојата сегашна сопруга.А,ти Владимир што имаш да ни кажеш за твојата прва љубов?
 Владимир:Мојата прва љубов навистина спаѓа меѓу оние,несекојдневните.
 С:A...(повторија домаќинот и Сергеј)ајде раскажувајтее.
 В:Сега не ми текнува како точно беше,но ви ветувам дека ќе напишам во една тетратка на се што ќе се сетам и ќе ви прочитам.

Thursday, December 21, 2017

Бескрајна приказна-Михаил Енде

 Експозиција
 Дејствата во оваа лектира се случуваат во 19век.Главниот лик е Бастијан тој е дете на 10годишна возраст кој е осамен и сите го избегнуваат.
 Заплет
Тој влегува во книгата,каде што треба да најдат лек за болната Детска Кралица и тие чустуваат страв поради тоа.
 Кулминација
Тука Бастијан се среќава со Атреј.Додека се бара лекот за детската Кралица лекарот соопштува дека ако не се најде лек Кралицата ќе умре.
 Пресврт
Бастијан кој што влегол во книгата имал можност да ја излечи Кралицата.
 Разрешување
Тој со тоа што и дал ново име успеал на крајот да ја излечи и таа преживеала.

 

Sunday, November 26, 2017

Шагринска кожа-О.Д Балзак


  Шагринска кожа  роман од францускиот романописец и драматург Оноре де Балзак  издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен со моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија.
   Главниот лик во ова дело е Рафаел.Тој бил уништен од животот и сакал некој или нешто друго да му ги исполнува желбите и да ги обработува работите на негово место.Овој лик живеел во градот Париз кој бил метропола,велеград,но истовремено и морничав и морбиден град,и во него успевале само најупорните.Рафаел својот свет го гледа како место каде што се може лесно да добие но да не вложи труд во тоа. Полина,неговата сакана  го посетува во неговата соба и му изјавува љубов. Кога ја дознава целата вистина за кожата и дека нејзината улога во неговиот живот е пресудната, таа се стаписува. Рафаел не можејќи да ја контролира својата желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да му го спаси животот. Тој тропа на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да умре во нејзините прегратки. Таа, во меѓувреме, се обидува да се убие за да го ослободи од неговата желба. Тој ја крши вратата, тие ја свршуваат нивната љубов во жесток момент на страст и тој умира.
 

Sunday, November 19, 2017

Повик на дивината-Џек Лондон

  Кучето Бак е расен пас,од татко сенбернардинец и мајка шкотски овчар.Тој има 64 килограми и важел за куче со почит.Бак не е ниту ловечко ниту домашно куче,негово било целото подрачје.Уважен е и ценет од сите,нему му се доверени најодговорните задачи и е динамичен лик.Овој лик живее во култура,припитомен како господар на еден бесзбеден свет и тој не знае што е тоа слобода,затоа што не знае што е тоа опасност и борба.Крал е на се само заради неговата тежина и убавото крзно и влакно.
   Слугата Мануел еден ден го продал Бак и тој го напуштил тој свет.Во новиот свет во кој е опкружен тој е опасноста и борбата,и таа борба трае до смрт.Бак е интелигентен и брзо ги научил правилата и законите на суровоста.Сфаќа дека таму кралевите местото го заслужуваат самом со борба.Кучето Бак го засакал кралското место на кучето Шпиц и тие стануваат непријатели,во една битка Бак го победува Шпиц и го завзема неговото место.Одкако Торнтон го зима Бак тој сфаќа што е љубов.Кучето Бак станува крал на дивината и го гледаме како комлексен лик.

Sunday, November 5, 2017

Панонски легенди:,Житието на св.Кирил'' и ,,Житието на св.Методиј''

  Панонски легенди се вид црковна литература,што е создадена во средниот век кај христијанските народи.Панонските легенди убаво ги имаат насликано ликовите посебно браќата Кирил и Методиј.
  Овие легенди содржат две житија едно од нив е ,,Житието на Кирил''.Ова житие започнува со опис на животот на св.Кирил од неговите детски години и неговата желба кон науката и мудроста.Авторот опширно ги објаснува неговите мисии во времето на пишувањето на азбуката.Една од најзначајните мисии е Моравската мисија,кога кнезот Ростислав ги повикува да проповедаат на словенски.
  Во ,,Житието за Методиј'' опишан е животот и делото на постариот брат Методиј.Авторот двајцата браќа ги нарекува ,,раби божји",прикажувајќи ги како светци и апостолии како божји избраници за големи дела.Овие учени луѓе го одбраниле своето дело со мудрост ,,Зарем Сонцето не не грее сите?" .Поради ова папата ги ослободил,а луѓето на секој чекор им ја искажувале својата љубов.
  Во двете житија основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик,писменост и култура.