Експозиција
Дејствата во оваа лектира се случуваат во 19век.Главниот лик е Бастијан тој е дете на 10годишна возраст кој е осамен и сите го избегнуваат.
Заплет
Тој влегува во книгата,каде што треба да најдат лек за болната Детска Кралица и тие чустуваат страв поради тоа.
Кулминација
Тука Бастијан се среќава со Атреј.Додека се бара лекот за детската Кралица лекарот соопштува дека ако не се најде лек Кралицата ќе умре.
Пресврт
Бастијан кој што влегол во книгата имал можност да ја излечи Кралицата.
Разрешување
Тој со тоа што и дал ново име успеал на крајот да ја излечи и таа преживеала.
Thursday, December 21, 2017
Sunday, November 26, 2017
Шагринска кожа-О.Д Балзак
Шагринска кожа роман од францускиот
романописец и драматург Оноре де Балзак издаден во 1831 година. Дејството, сместено во
почетокот на XIX век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое
наоѓа парче шагрен со моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја
посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија.
Главниот лик во ова дело е Рафаел.Тој бил уништен од животот
и сакал некој или нешто друго да му ги исполнува желбите и да ги обработува
работите на негово место.Овој лик живеел во градот Париз кој бил
метропола,велеград,но истовремено и морничав и морбиден град,и во него успевале
само најупорните.Рафаел својот свет го гледа како место каде што се може лесно
да добие но да не вложи труд во тоа. Полина,неговата сакана го посетува во неговата соба и му изјавува
љубов. Кога ја дознава целата вистина за кожата и дека нејзината улога во
неговиот живот е пресудната, таа се стаписува. Рафаел не можејќи да ја
контролира својата желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да
му го спаси животот. Тој тропа на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да
умре во нејзините прегратки. Таа, во меѓувреме, се обидува да се убие за да го
ослободи од неговата желба. Тој ја крши вратата, тие ја свршуваат нивната љубов
во жесток момент на страст и тој умира.
Sunday, November 19, 2017
Повик на дивината-Џек Лондон
Кучето Бак е расен пас,од татко сенбернардинец и мајка шкотски овчар.Тој има 64 килограми и важел за куче со почит.Бак не е ниту ловечко ниту домашно куче,негово било целото подрачје.Уважен е и ценет од сите,нему му се доверени најодговорните задачи и е динамичен лик.Овој лик живее во култура,припитомен како господар на еден бесзбеден свет и тој не знае што е тоа слобода,затоа што не знае што е тоа опасност и борба.Крал е на се само заради неговата тежина и убавото крзно и влакно.
Слугата Мануел еден ден го продал Бак и тој го напуштил тој свет.Во новиот свет во кој е опкружен тој е опасноста и борбата,и таа борба трае до смрт.Бак е интелигентен и брзо ги научил правилата и законите на суровоста.Сфаќа дека таму кралевите местото го заслужуваат самом со борба.Кучето Бак го засакал кралското место на кучето Шпиц и тие стануваат непријатели,во една битка Бак го победува Шпиц и го завзема неговото место.Одкако Торнтон го зима Бак тој сфаќа што е љубов.Кучето Бак станува крал на дивината и го гледаме како комлексен лик.
Sunday, November 5, 2017
Панонски легенди:,Житието на св.Кирил'' и ,,Житието на св.Методиј''
Панонски легенди се вид црковна литература,што е создадена во средниот век кај христијанските народи.Панонските легенди убаво ги имаат насликано ликовите посебно браќата Кирил и Методиј.
Овие легенди содржат две житија едно од нив е ,,Житието на Кирил''.Ова житие започнува со опис на животот на св.Кирил од неговите детски години и неговата желба кон науката и мудроста.Авторот опширно ги објаснува неговите мисии во времето на пишувањето на азбуката.Една од најзначајните мисии е Моравската мисија,кога кнезот Ростислав ги повикува да проповедаат на словенски.
Во ,,Житието за Методиј'' опишан е животот и делото на постариот брат Методиј.Авторот двајцата браќа ги нарекува ,,раби божји",прикажувајќи ги како светци и апостолии како божји избраници за големи дела.Овие учени луѓе го одбраниле своето дело со мудрост ,,Зарем Сонцето не не грее сите?" .Поради ова папата ги ослободил,а луѓето на секој чекор им ја искажувале својата љубов.
Во двете житија основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик,писменост и култура.
Wednesday, October 18, 2017
,,Сердарот''-Григор Прличев
Сердрот е поема напишана од страна на
македонскиот автор Григор Прличев. Прличев
со ова дело освоил прво место и бил прогласен како втор Хомер. Делото е
напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во
натпреварот за најдобра поема на грчки јазик. Во основа, во „Сердарот“ се
раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од
бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век,
век во западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река , и селото
Стан.
Во оваа книга се сретнуваат повеќе ликови
една од нив е Неда таа е мајката на јунакот,но таа и самата е јунак.Таа е горда
мајка која што многу го сака својот син единец.Неда е храбра и гордо ја профаќа
смртта на нејзиниот син.Исто така таа е подготвена и самата да се бори и да
стане водич.Јасно е изразена нејзината чесност и решителност со нејзините
постапки во книгата.Покрај се Неда е чуствителна мајка која безусловно го сака
своето чедо.Најстрашното нешто што и се случило на оваа кутра зена било тоа што
загинал нејзиниот син и неговото загинување предизвикало голема тага и жал,не
тагувала само таа по него туку и сиот народ и неговите блиски пријатели и
роднини.Покрај се таа не мисли само не себе туку и на целиот народ кој останал
незаштитен.Со сето ова се гледа дека Неда била жена која што имала голема почит
и љубов кон другите.
Еден од главните ликови е Кузман и тој е
јунакот.Тој е многу силен и храбар човек.Самиот е починат уште од почетокот на
поемата.За него и каков бил тој како човек се дознава преку раскажувањата и
мислењата на другите и тоа како тие го доживувале.Тој бил со став бил почитуван
дури и од својот непријател.Кузман го заштитувал народот,се борел за нив и сите
се гордееле со него и неговата борбеност и храброст.Затоа го сметале за голем
заштитник.Премногу ја почитувал мајка му и ја сакал безмерно.Исто така тој имал
и своја љубов таа била неговата девојка која што се викала Марија.Марија била
многу добра и убава девојка и многу го сакала својот љубен.Тие заедно сакале да
си основаат семејство,да имаат деца и да бидат среќни и весели,но за жал тоа не
се случило.Нивната убава желба не се остварила поради убивањето на Кузнам кое
сите лошо го поднеле.
Гегите во ова дело се едни од
негативните ликови и тие се Албанци.Овие ликови се многу немилосрдни луѓе кон
народот и се убијци.Иако се такви тие ја покажале својата човечност кон блиските
на загинатиот Кузман и неговата мајка.Еден од нив односно најстариот го предал
мртвото тело на Кузман и покажал големо почитување со тоа што го сторил.Тие тоа
го направиле знаејќи дека ги ризикуваат своите животи со тоа што можеле да
бидат убиени од страна на населението со кое живеел Кузман.Гегите и самите се
борци,но имаат и големо почитување кон народот иако на некој начин се лоши.Неда
ја теешеле и сожалувале поради тешката ситуација во која се наоѓала.Нивната
негативна страна била таа што тие вршеле терор врз народот и го малтрелирале
населението.
Со ова дело ние се запознаваме како тоа македонскиот народ жевеел пред
многу години и низ се што тие поминувале.Покрај се се покажува и тоа колку и да
сме направиле некое лошо и грешно дело треба да да извинуваме и покауваме почит
и човечност.
Sunday, October 8, 2017
,,Илијада"-Хомер
Илијада е составена од 24 пеења каде се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна.На почетокот на оваа епопеја е прикажана кавгата на Агамненом и Ахил поради робинки.
Агамненом ја грабнал Хрисеида која Ахил бара да ја врати.Агамненом им се повинува на боговите ,но не и на Ахил.Затоа за возврат му ја зема робинката на Ахил,Бресида.Ахил оди кај својата мајка и бара начин како да му се одмазди на Агамненом.Тетида го замолува Зевс за помош.Така тој почнал да војува.Потоа се одигрува двобојот меѓѕ Парис и Менелај,Афродита во овој случај го заштитува Парис и таа му ја дала Елена за жена.
Во Троја,Хектор го укорува Парис дека ужива и седи покрај Елена наместо да ги предводи Тројанцие во борбата.Патрокло,најблискиот другар на Ахил ја зема неговата обружба и се бори како да е Ахил.Хектор мислејќи дека тоа е Ахил ,жестоко се бори и го убива.Ахил е силно решен дека ќе го убие Хектор.
Ахил и Агамненом се помируваат и робинката Бресида е вратена,тој се подготвува за борба.Исто така и Хектор е подготвен да се бори против Ахил.Во таа борба е убиен Хектор.Ахил го врзува телото на Хектор за својата двокалка и така три пати ја обиколува Троја.Пријам оди кај Ахил и го зима телото на Хектор за да се може да биде погребан со сите почести.
Смрта на Хектор не значи крај на војната.Дури и со смрта на Ахил којбил прострелан од стрелите на Парис,не завршува војната.Со итрината на Одисеј(тројанскиот коњ) ,Ахајците влегле во Троја,ги убиле сите мажи,го запалиле градот и така конечно завршила десетгодишната Тројанска војна.
Friday, March 31, 2017
Васил Иљоски
На часот по македонски јазик јас и моите соученици требаше да правиме биографија за некоја позната македонска личност.Јас бев во група со Ана Костовска и Филип Нешкоски,и сите успешно си ја завршивме својата задача.
Бев задоволна од тоа како ја подготвивме биографијата.Иако јас не бев присутна за време на презнтацијата членовите од мојата група го испрезентираа мојот дел.Не би сменила ништо друго во изработката на проектот освен тоа што имаше многу текст.Кога одново би ја правеле презентацијата би ставиле повеќе слики и дела од личноста.Јас придонесов во работата така што најдов некои податоци кои беа потребни за да биде целосно подготвено.
Бидејќи не учествував во презентирањето и не знам како другите ги искажале своите подготевни биографии,мислам дека мојата група беше најдобра,затоа што ние постигнавме најголем процент.
Monday, February 27, 2017
Лектира ,,Времеплов''
Јас и моите соученици бевме задолжени да пишуваме за лектирата ,,Времеплов'',односно бевме подели во 7 групи по 3 ученици.Секој од нас требаше да пишува за својот дел за ликови,судир или чуства.
Однапред имавме поставено 12 настани од лектирата,за кои што требаше да пишуваме одделно за секој настан.Заедно се поделивме кој за кој дел ќе биде и имавме одреден рок за да ја завршиме својата задача.
Мојот дел беше да пишувам за ликови, поточно да ги опишам ликовите во лектирата.Со децата што бев во група се договоривме кој да ги постави настаните на листата,за да можеме подоцна да си ја завршиме работата за која бевме поделени.
Однапред имавме поставено 12 настани од лектирата,за кои што требаше да пишуваме одделно за секој настан.Заедно се поделивме кој за кој дел ќе биде и имавме одреден рок за да ја завршиме својата задача.
Мојот дел беше да пишувам за ликови, поточно да ги опишам ликовите во лектирата.Со децата што бев во група се договоривме кој да ги постави настаните на листата,за да можеме подоцна да си ја завршиме работата за која бевме поделени.
Saturday, February 11, 2017
Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите од мојата генерација?
Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите од мојата генерација?
Слушајќи ги разговорите на моите родители за тоа како во нивно време живееле младите,сметам дека и покрај тоа што технологијата за комуникација не била развиена на високо ниво,младите поминувале повеќе време заедно.Времето во кое живеаам јас како млада девојка,за разлика од времето во кое живееле моите родители е многу подобро и унапредено.
Денешната развиена технологија за комуникација на нас младите ни овозможува побрзо и поефикасно дознавање на информации.Имаме поголем број на електирчни апарати кои ни го олеснуваат животот.Информациите и податоците ни помагаат во нашето образование и живеење.
Во ова време,бидејќи во градот постојат повеќе трговски центри младите имаат поголем избор на облека,храна и забава.Купувањето на разни производи е многу олеснето,односно истото се спроведува преку интернет.Слушањето на музика за мене претставува големо задовлоство, кое можам да си го дозволам во било кое време благодарение на мојот мобилен телефон и компјутер.
И покрај брзото темпо на живеење,моите родители се обидуваат секое слободно време да го поминат со мене.Преку постоењето на повеќе установи за образование имаме услови да го развиваме нашето знаење.Со помош на денешните курсеви за јазици,можеме да научиме повеќе странски јазици кои ќе ни помогнат поматаму во животот.
Ние младите треба да бидеме благодарни и да ги почитуваме благодетите на нашата младост.Ценам дека ова е најдобро време за живеење во кое што можеме јас и мојата генерација да живееме.
Subscribe to:
Comments (Atom)